Достапни линкови

Емирот на Катар се сретна со Иванов


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Емирот на Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Емирот на Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани

Eмирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани денеска пристигна во дводневна посета во Македонија. Тој се сретна со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Во соопштението од претседателскиот кабинет e наведено дека тие на средбата ќе разговараат за билатералните односи меѓу двете држави и за ситуациите во регионот, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот. Се очекува тема на разговор да бидат и развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство.Во рамки на посетата на емирот на Катар ќе бидат потпишани неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, како и од економската сфера. Според агендата, емирот на Катар утре ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Својата европска турнеја емирот на Катар ја почнува од Македонија, по што следат посетите на Албанија, Полска и Украина.
XS
SM
MD
LG