Достапни линкови

ММФ: Без реформи нема заем за Белорусија


Шефот на мисијата на ММФ во Минск Крис Јарвис изјави дека пред да започнат какви било преговори потребно е Белорусија да покаже целосна посветеност на највисоко ниво за стабилизација и реформирање. Станува збор за заемот од 7 милијарди долари што го побара белорускиот претседател Александар Лукашенко од ММФ. Јарвис додаде дека е потребно Минск да се фокусира на намалување на инфлацијата за да може да се квалификува за заем од инстутуцијата. Белорусија годинава се соочува со полоша економска криза од онаа по колапсот на Советскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG