Достапни линкови

Киргистан нема да биде членка на Царинската Унија


Киргистанскиот премиер Омурбек Бабанов денеска изјави дека земјата нема да биде подготвена на 1 јануари 2012 година да се приклучи кон Царинската Унија. Бабанов додаде дека работната група составена од киргистанскиот министер за економија и претставници на Русија, Казахстан и Белорусија заклучиле дека Киргистан нема да ги исполни критериумите за членство во Унијата до зададениот датум.
XS
SM
MD
LG