Достапни линкови

Европските предизвици на Западен Балкан


Во Скопје регионален состанок на тема „Европските предизвици на Западен Балкан“. За премиерот Груевски, би било фер да добиеме датум за преговори.

Средбата има за цел унапредување на соработката за остварување на заедничката цел, влез во ЕУ, рече домаќинот на состанокот насловен „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“, Теута Арифи. Таа вели дека регионалната соработка е неопходна затоа што на тој начин ќе се договорат заедничките перспективи и начинот како побрзо да се дојде до целта, односно влез во ЕУ.​

Ние работиме и секоја година сме поблиску до целта. Ќе продолжиме и понатаму да ги спроведуваме стандардите на ЕУ. Македонија е подготвена и ќе биде чесно и фер ЕУ да и овозможи датум за почеток на преговоритe.
Иако на средбата биле поканети сите министри одговорни за евроинтеграции од земјите од Западен Балкан, во последен момент посетата ја откажал гостинот од Србија, Божидар Ѓелиќ.

Арифи вели дека се надева оти во скоро време ќе се надминат недоразбирањата помеѓу Косово и Србија и сите претставници ќе седнат на иста маса.

Премиерот Груевски рече дека сите земји се соочуваат со свои предизвици, но како ќе бидат надминати зависи од сопствените потенцијали. Груевски се надева дека ЕУ ќе го вреднува сето она што Македонија го направила за спроведување на реформите.
Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи.

Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи.


„Ние работиме и секоја година сме поблиску до целта. Ќе продолжиме и понатаму да ги спроведуваме стандардите на ЕУ. Македонија е подготвена и ќе биде чесно и фер ЕУ да и овозможи датум за почеток на преговорите“, рече Груевски.

Се надеваме дека е можно наскоро да добиете и датум за преговори.
Стефано Санино, кој е директор на Генералниот секретаријат за проширување на ЕК, вели дека само со добар однос, соработка и помирување, земјите од Западен Балкан ќе се интегираат во ЕУ.

„Се надеваме дека е можно наскоро да добиете и датум за преговори“, рече Санино.

Известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, пак, вели дека ЕУ ги почитува различностите на земјите од Западен Балкан, но луѓето треба конечно да научат да живеат едни со други и да градат заедничка иднина.

После обраќањето на претставниците од ЕУ, на премиерот Груевски и на министерката Теута Арифи ќе следува панел дискусија која ќе биде затворена за јавноста. Не е предвидено од овој состанок да произлезе некој документ, но Арифи се надева дека ќе произлезе заеднички заклучок за тоа како понатаму.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG