Достапни линкови

Србија е помала за еден Ниш


Пописот што заврши во Србија, покажува дека бројот на жителите во земјата се намалил за речиси 300.000 лица, пишува денеска „Вечерње новости“ во напис со наслов „Србија е помала за еден Ниш“.
Од 2002 година, населението на Србија се намалило за еден град со големина на Ниш. Тоа се првите оценки за бројот на граѓаните врз основа на пребројувањето на населението. Преброени се 7,4 милиони граѓани, што е приближно колку и при претходното пребројување, Весникот „Блиц“ пишува на истата тема, истакнувајќи дека Србија губи по 20.000 лица годишно.
Конечните резултати од пребројувањето ќе бидат познати по 15 ноември.
XS
SM
MD
LG