Достапни линкови

logo-print

Социјалистот Франсоа Холанд - кандидат за претседател на Франција


Франсоа Холанд.

Франсоа Холанд.

Пратеникот Франсоа Холанд ќе биде кандидат за претседател на Франција од редот на социјалистите на претседателските избори во 2012 година, кога се очекува да му се спротивстави на актуелниот претседател Никола Саркози. Противкандидатката на Холанд, Мартин Обри го призна поразот на внатрепартиските избори за кандидат за претседател. Според анкетите, Холанд би можел да го победи Саркози, кој се уште официјално не соопштил дека ќе се бори за нов мандат. Ова се први вакви избори за кандидат за претседател на Франција, по примерот на САД.
XS
SM
MD
LG