Достапни линкови

Либиските бунтовници стигнаа до Бани Валид


Силите на Либискиот преоден совет наводно го пробиле патот до Бани Валид, еден од малкуте градови што е под контрола на силите на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи. Според Преодниот совет, силите на Гадафи пружале жесток отпор. Во родниот град на Гадафи, Сирт, пак, по жестоките борби настапило затишје. Во меѓувреме, властите на Мали соопштија дека во земјата влегле повеќе од 400 вооружени Туарези што се бореле на страната на Гадафи. Туарезите се Либијци со потекло од Мали.
XS
SM
MD
LG