Достапни линкови

Арапската лига ќе ги мири сириската влада и опозицијата


Погреб на убиен антивладин демонстрант во Хама.

Погреб на убиен антивладин демонстрант во Хама.

Арапската лига планира да ги седне на заедничка маса сириските власти и опозицијата за да најдат начин да го сопрат насилството во земјата. Одлуката е донесена на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига што се одржа во Каиро. Одлучено е да се формира комитет што треба да го воспостави дијалогот меѓу опозицијата и власта. Претходно, генералниот секретар на Лигата, Набил Ал Араби, ги демантираше наводите дека Сирија е суспендирана од ова регионално тело поради големото насилство од армијата врз антивладините демонстранти.
XS
SM
MD
LG