Достапни линкови

СДСM бара власта да ги врати парите од пописот


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ бара одговорност за неуспешниот попис, за споменатиот пописен фалсификат, за во ветер фрлените 14 милиони евра народни пари. Ова го изјави денеска потпретседателот на партијата Ана Павловска – Данева. Таа додаде дека е недозволиво премиерот, Владата и Собранието да се однесуваат како ништо да не се случило а потрошиле 14 милиони евра за да одглумат попис. Данева предложи сите фунционери да соберат пари и да уплатат во буџетот 14 милиони евра.
Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека во изминатите денови пратениците од СДСМ во собраниската салата ја критикуваа одлуката за прекинување на пописот, a истите потоа надвор од неа признавале дека тоа е добар чекор и исправна одлука.
XS
SM
MD
LG