Достапни линкови

Најави за масовни 7дневни протести во Грција


Синдикатите во Грција најавија штрајкови за нареднава недела против предложените владини антикризни мерки со кои се предвидува намалување на платите и пензиите и отпуштање на државни службеници, јавуваат грчките медиуми.
Двата најголеми синдикати во Грција, најавија 48-часовен генерален штрајк на 19 и 20 октомври. Во следните денови ќе штрајкуваат новинарите од државните медиуми, адвокатите, вработените во јавниот и приватниот сектор како и вработените во јавна комунална хигиена. Пристаништата ќе бидат три дена блокирани. Македонското министерството за внатрешни работи соопшти дека пограничните службеници од утре ќе стапат во петдневен штрајк при што во прекин ќе биде патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција.
XS
SM
MD
LG