Достапни линкови

Протестите во Рим и Њујорк поминаа со насилство и апсење


Протестите против социјалната нерамноправност во Рим и Њујорк станаа насилни. Во Рим демонстрантите се судрија со полицијата, кршеа излози на продавници и банки, запалија неколку автомобили, при што полицијата употреби водени топови и солзавец за ги разбие насилните групи. Додека во Њујорк беа приведени околу 80 луѓе.
Десетици илјади луѓе маршираа низ Рим, Лисабон, Мадрид, Франкфурт.
Во Лондон полицијата спречи 800 демонстранти да го блокираат берзанскиот кварт.
Протестите се инспирирани од американското движење „Окупирај го Вол Стрит “.
XS
SM
MD
LG