Достапни линкови

Саудиска Арабија презема мерки против Иран


Саудиска Арабија одлучи да го пријави Иран во Советот за безбедноста на Обединетите Нации за наводите за заговор за убиство на саудискиот амбасадор во Вашингтон, јавуваат саудиските медиуми. Американските власти соопштија дека откриле заговор за атентат врз амбасадорот од двајца мажи кои се верува дека биле поврзани со иранските разузнавачки служби. Иран ги демантира обвиненијата. Чекорот што го презема Саудиска Арабија во ОН може да значи нови санкции против Иран. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе врши притисок за „ најтешки можни санкции“ во врска со наводите за заговор.
XS
SM
MD
LG