Достапни линкови

Папандреу: Европа е должна да и помогне на Грција


Владата на Грција се бори со проблемот околу долгот и Европа е должна да и помогне на Атина да ја надмине должничката криза која им се заканува и на други земји од Еврозоната.
Ова го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интервју за атинскиот весник „Прото тема“.
Папандреу најави дека ќе побара поддршка од европските партнери за време на состанокот во Брисел следната недела.
Следната недела грчкиот Парламент треба да одобри предлог закон со мерки за штедење кои предвидуваат намалувања на приходите и отпуштања на државни службеници, по што синдикатите повикуваат на нови штрајкови.
XS
SM
MD
LG