Достапни линкови

Арапските министери ќе разговараат за Сирија


Арапските министери за надворешни работи денеска ќе се состанат во Каиро за да разговараат за политичките немири во Сирија. Претходно дел од државите побараа од Арапската Лига да закаже итен состанок за да се договорат мерки за да го запрат крвопролевањето во Сирија и да дискутираат за хуманитарната помош за земјата. Според податоците на Обединетите Нации во послендиве неколку месеци загинале над 3 илјади луѓе. Новиските агенции јавуваат дека на погребна поворка безбедносни сили отвориле оган врз ожалестените и убиле тројца а над 20 луѓе раниле. Сирискиот претседател Башар Ал Асад најави уставни измени во наредните 4 месеци со цел да го намали незадоволството во земјата.
XS
SM
MD
LG