Достапни линкови

Седницата прекината, пратениците вечерва ќе гласаат


Macedonia - Macedonian parliament, Skopje, 04Aug2010

Macedonia - Macedonian parliament, Skopje, 04Aug2010

Расправата во Собранието за предлог - законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, вечерва заврши но пораи немање кворум претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски седницата ја прекина, и најави нејзино продолжување доцна вечерва.

Со предлог -законот се предвидува престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот е прекинат.

Министерот за правда Блерим Беџети при образложувањето на одлуката на Владата, изјави дека со предложениот Закон, пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот, Државниот завод за статистика ќе го уништи согласно на прописите за класифицирани информации, а направените трошоци во врска со спроведувањето во сила на Законот за попис ќе се исплатат од Државниот завод за статистика.

Расправата, која траеше три дена, помина со меѓусебни обвинувања и реплики на пратениците од владејачкото мнозинство кое смета дека прекинувањето е во интерес на државата и на меѓуетничките односи а опозицијата бараше одговорност за прекинувањето на оваа статистичка операција.

XS
SM
MD
LG