Достапни линкови

Асанж се приклучи на протестите во Лондон


Италија, Рим

Италија, Рим

Демонстранти маршираа денеска низ целиот свет против коорпоративнатa алчност, владините рестрикции и економската нееднаквост. Во Европа илјадници луѓе протестираа пред седиштето на Европската Централна Банка во Франкфурт.
Во Рим протестите излегоа од контрола, дел од демонстранти се судрија со полицијата, кршеа излози на продавници и банки и запалија неколку автомобили.
И во други европски градови излегоа илјадници луѓе.
Во Лондон на демонстрантите им се придружи и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Слаб одзив имаше во главните градови на земјите од Западен Балкан каде излегоа по педесетина луѓе.
Протестите инспирирани од американското движење „Окупирај го Вол Стрит “ беа планирани да се оддржат во 950 градови од Азија, Африка, Европа, Латинска и Северна Америка.
XS
SM
MD
LG