Достапни линкови

Медведев: Путин во Кремљ не значи „ враќање во минатото“


Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека враќањето на Владимир Путин во Кремљ во 2012 година не значи „враќање во минатото“. Тој во интервју за руска телевизија изјави дека не одат чекот назад туку дека тоа е начинот со кој се борат со предизвиците пред нив. Тој додаде дека како правник мислел дека знае како функционира ситемот, но се прелажал затоа што работите се многу потешки и пострашни одошто изгледаат и дека треба да се размисли за промена на државниот систем. Со последните измени во законот мандатот на претседателот од 4 години е зголемен на 6 , па доколку Путин реши да се кандидира за втор мандат теоретски гледано може да остане на власт до 2024 година.
XS
SM
MD
LG