Достапни линкови

Продолжува расправата за пописот во Собранието


Пратениците денеска ја продолжија расправата за предлог- законот за прекинување на Законот за пописот на населението. Кој е виновен, кој треба да сноси одговорност, зошто е прекинат пописот, колку пари се потрошени и проблемите со претходниот попис се дел од прашањата за кои дебатираат политичарите од владеачката коалиција и опозиција. Опозицијата смета дека власта не може да организира нормален попис и дека е единствената влада до сега што прекинала попис.
Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ бара од СДСМ да не создава клима на недоверба во однос на наводниот пописен фалсификат или договор, се со цел да ги усложни работите на теренот и да ги наелектризира чуствата на граѓаните. Седницата е прекината а пратениците ќе продолжат со дебата по едночасованата пауза.
XS
SM
MD
LG