Достапни линкови

Јемен демантира дека отворил оган врз демостранти


Јеменското министерство за внатрешни работи демантира дека полицијата отворила оган врз демострантите, при што загинале најмалку 6 луѓе. Активистите за човекови права тврдат дека полицијата почнала да пука врз демострантите во обид да ги растури протестите во главниот град. Во Јемен веќе 10 месеци демостранти протестираат барајќи претседателот Али Абдула Салех да се симне од функцијата. Тој е 33 години на власт во Јемен.
XS
SM
MD
LG