Достапни линкови

Потребно е да се преиспитаат некои мерки за Грција


Потребно е да бидат преразгледани одредбите од планот за помош на Грција, усвоен од Европскиот совет на 21 јули, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во интревју за една француска телевизија.
Тоа, според Баросо, се наметнува поради фактот што состојбата на пазарите се промени од времето на усвојувањето на планот. Тој нагласи дека за ова прашање веќе се водат консултации како во рамките на Еврокомисијата, така и меѓу неа, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, како и со претставници на неколку држави, вклучително и на самата Грција.
XS
SM
MD
LG