Достапни линкови

Г-20 ја продолжува расправата за европската должничка криза


Министрите за финансии на Групата 20 на најголемите светски економии денеска во Париз, ќе ја продолжат расправата за изнаоѓање излез од должничка криза на еврозоната.
Вчера, САД и други земји го отфрлија предлогот за зголемување на капацитетот на Меѓународниот монетарен фонд. Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека Г-20 бара јасна заложба од Европа за решавање на кризата и дека верува оти сегашните ресурси на ММФ и Европската унија се доволни за справување со ситуацијата.
Состанокот се одвива во услови на загриженост дека должничката криза од Грција наскоро би можеле да се прошири во високо задолжените Италија и Шпанија и да се создаде глобалната економска криза.
XS
SM
MD
LG