Достапни линкови

Собранието ја продолжува расправата за Пописот


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата по предложениот закон за прекинување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година. Во текот на целата досегашна седница вчера и завчера седница, пратениците од опозицијата бараа одговор кој е виновен за предвремениот прекин на пописот и како ќе се надомести штетата од потрошените средства.
Пратениците од опозицијата сметаат дека земјата доживеала срам поради тоа што пописот не се спровел во целост и државата не можела да си го преброи населението.
Според ВМРО-ДПМНЕ пак, за пописот подеднакво се одговорни власта и опозицијата и сите релевантни вклучени страни.Партијата смета дека треба да создададат услови за сите, без разлика на етничката припадност да имаат добар живот и шанса еднакво да се искажат,
Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.
XS
SM
MD
LG