Достапни линкови

Хрватска, Србија, Црна Гора, и БиХ заедно кон ЕУ


Претставници од четирите држави учеснички на Игманската иницијатива денеска во Белград потпишаа заедничка изјава со која се потврдува уверувањето дека перспективата за членство во ЕУ е иницијатор и гарант на мирот и стабилноста во Југоисточна Европа, како и посредник на се подобрите односи меѓу земјите од регионот.
На 22. сесија на Игманската иницијатива во Белград учествуваа претседателите на Србија, Хрватска и на Црна Гора, Борис Тадиќ, Иво Јосиповиќ и Филип Вујановиќ и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, како и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Во заедничка изјава под наслов „Партнерство за европска иднина на регионот“ изразено е задоволство од фактот што Хрватска успешно ги заврши предпристапните преговори со потпишувањето на договорот за членство.
Очекуваме Србија до крајот на годината да добие статус на кандидат и датум за почеток на преговорите, Црна Гора датум за почеток на преговорите за приклучување кон ЕУ, а Босна и Херцеговина да ја предаде апликацијата за кандидатски статус во ЕУ, се наведува во изјавата.
Претседателите остануваат цврсто определени за решавање на отворените прашања по пат на дијалог и преговори во духот на добрососедството и врз основа на меѓународното право.
XS
SM
MD
LG