Достапни линкови

Ако има фалсификат, треба да има и одговорност


Илустрација.

Илустрација.

Доколку власта открила обид за фалсификување на пописот, тогаш тие што се обиделе мора да одговараат.

Ако власта веќе открила дека имало обид да се фалификува пописот, тогаш тие што се обиделе да го направат тоа треба да одговараат, согласни се нашите соговорници Павле Трајанов и Исмет Рамадани. Сепак, таа работа ќе оди тешко, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој е коалиционен партнер во власта. Трајанов е и поранешен министер за внатрешни работи и поранешен висок функционер во МВР.
Во секој случај треба и таа ситуација да се разгледа, да се анализира, да се види кои се тие пропусти и дали има елементи за прекршочна или друг вид одговорност.

Тој вели дека со прекинување на пописот е спречен обид за фалсификат.

РСЕ: Велите, спречен е обид за фалсификат. Зарем не треба да одговараат тие што се обиделе да го фалсификуваат пописот?

„Тие што се обиделе да фалсификуваат, фалсификувани документи да бидат внесени, треба да одговараат, меѓутоа тоа тешко ќе биде бидејќи тие што ги попишуваат тоа некоја роднина го прави, некој од политичките партии итн. Во секој случај треба и таа ситуација да се разгледа, да се анализира, да се види кои се тие пропусти и дали има елементи за прекршочна или друг вид одговорност.“

Трајанов ја префрла вината за неуспехот на албанските политички
Има една силна организација, повеќе субјекти од повеќе политички партии, коишто сакаат вештачки да го зголемат бројот на Албанците.

партии, кои, како што вели, имаат интерес да го зголемат бројот на Албанци во Македонија за да имаат подобра позиција во распределбата на државни функции.

„Има една силна организација, повеќе субјекти од повеќе политички партии, коишто сакаат вештачки да го зголемат бројот на Албанците.“

Од друга страна, политичка одговорност може да побара кој сака, но во моментов, државен интерес е да го прекинеме пописот и да спречиме фалисификат, вели Трајанов.
„Ако е веќе така, тогаш мислам дека мора да има одговорен или одговорни за таков обид и јавноста треба тоа да го знае, а во исто време треба да следуваат санкции.

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека прашањето за кривична одговорност за неуспешниот попис и залудно потрошените пари ја отворила токму владејачката ВМРО-ДПМНЕ со самото признание дека имало обид за фалсификат.

„Ако е веќе така, тогаш мислам дека мора да има одговорен или одговорни за таков обид и јавноста треба тоа да го знае, а во исто време треба да следуваат санкции, дали тоа ќе биде кривична, како и да е санкции треба да постојат, затоа што ако има фалсификат или обид за фалсификат тоа го прават луѓето кои се најодговорни за да се спроведе еден попис.“

Опозициската коалиција на СДСМ бара кривична и политичка одговорност од власта за неупсешно спроведениот попис и притвор за одговорните за, како што велат, залудно потрошените милиони евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG