Достапни линкови

logo-print

Атина блокирана поради штрајкот на вработените во јавниот превоз


Целиот јавен транспорт во Атина, вклучувајки ги и таксистите, и денеска не работи поради протестит на вработените против мерките за штедење. Блокирани се и зградите на грчките министерства. Двата најголеми грчки синдикати соопштија дека на 19-ти и 20-ти октомври ќе се одржи генерален штрајк, кој коинцидира со гласањето во парламентот за новите буџетски кратења. Според најновите мерки на владата, главно на удар се платите на вработените во јавниот сектор и пензиите, како и зголемување на даноците во повеќе сектори.
XS
SM
MD
LG