Достапни линкови

Демонстрантите во Њујорк одбиваат да го напушат паркот во Менхетен


Демонстрантите во Њујорк го одбија барањето на властите да го напуштат паркот во Менхетен, каде што се стационирани речиси еден месец, протестирајки против корпоративната алчност, која, според нив е главната причина за економските проблеми на Соединетите Држави. Властите во Њујорк тврдат дека мора да се изврши редовното чистење на паркот, па затоа демонстрантите мора да го напуштат. Инаку, движењето Окупирај го Вол Стрит веќе се прошири и во повеќе други држави во светот.
XS
SM
MD
LG