Достапни линкови

Јахјага против меѓународна управа на северот на Косово


Претседателката на Косово Атифете Јајага

Претседателката на Косово Атифете Јајага

Претседателката на Косово Атифете Јајага изјави дека е против воведување меѓународна управа во општините на северот на Косово, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, каде што Србите се мнозинство. Таа повтори дека нема да дојде ниту до поделба на Косово ни до размена на територии.
Во меѓувреме, претседателот на општина Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ, изјави дека Србите од северно Косово нема да ги тргнат барикадите од граничните премини кон Србија. КФОР претходно соопшти дека добиле ветување од Србите од северот на Косово дека барикадите ќе бидат тргнати.
Пантиќ, за агенцијата Бета, вели дека барикадите ќе бидат тргнати тогаш кога КФОР и ЕУЛЕКС ќе ги тргнат „припадниците на таканаречената царина и полиција на Косово од административните премини“.
XS
SM
MD
LG