Достапни линкови

Еврокомесарот Филе во посета на Белград


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска ќе го посети Белград, за да им го престави на српските власти мислењето на Унијата за Србија. Тие ќе разговараат за барањето на Србија да се стекне со статусот земја кандидат за влез во ЕУ.
Вчера Филе ја пофали Црна Гора за нејзиниот напредок кон Унијата, но предупреди дека сепак се уште мора да се работи напорно. Филе му ја предаде препораката за членство на црногорскиот премиер Игор
Лукшиќ.
Филе рече дека ЕУ видела вистинска посветеност во извршувањето на реформите, про-активен пристап и добар напредок на Црна Гора во изминатите 10 месеци, по што Европската комисија ги отвори разговорите за пристапување со Црна Гора. Конечната одлука за тоа треба да ја донесе Советот на министри на ЕУ на почетокот на декември.
XS
SM
MD
LG