Достапни линкови

logo-print

Панета-војниците кои ги испрати Обама остануваат во Авганистан


Американски војници во Авганистан

Американски војници во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета соопшти дека повеќето од 33 илјади воjници кои се испратени во Авганистан од страна на претседателот Барак Обама ќе останат таму и следната година, за да се борат со Талибанците и другите милитанти.
Панета изјави дека според планираното до крајот на годината ќе се повлечат 10 илјади војници од Авганистан, но останатите ќе бидат распоредени низ земјата.
Соединетите држави во моментот имаат повеќе од 90 илјади војници во
Авганистан.
САД и НАТО планираат постепено повлекување на војниците и предавање на контролата на земјата во рацете на авганистанските безбедносни сили. Планирано е повлекувањето да заврши во 2014 година.
XS
SM
MD
LG