Достапни линкови

САД размислуваат за нови санкции кон Иран


Американскиот Стејт департментот соопшти дека САД и Иран контактираат околу прашањето за вмешаноста на Иран во заговорот за атентат на амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека двете земји се во директен контакт но не соопшти други детали.

Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе побара „најтешките санкции“ против Иран, по наводите за заговор за атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон. Обама изјави дека заговорот е дел од шемата на опасно и несовесно однесување од страна на Техеран. Американскиот претседател вели дека САД ќе ги стават на маса сите опции за справувањето со Иран. Иран пак негира дека стои зад наводниот заговор.

Од американското Министерство за финансии соопштуваат дека САД разгледува можност за дополнителни санкции кон Централната банка на Иран, со кои земјата финсиски би се изолирала. Потсекретарот во Министерството за финансии, Дејвид Коен изјави дека дополнитело ќе биде изолирана Централната банка во Иран. Досега на американсите финансиски инстиутции им беше забрането да соработуваат со било која банка во Иран, вклучително и Централната, но со новите санкции треба дополнително да се влијае врз Иран.
XS
SM
MD
LG