Достапни линкови

logo-print

Убиен лидерот на терористичката мрежа Хагани


Северен Вазиристан-демонстранти палат американско знаме

Северен Вазиристан-демонстранти палат американско знаме

Лидерот на терористичката мрежа Хагани, која е виновна за нападот на седиштата на САД и НАТО во Авганистан минатиот месец, е убиен во Пакистан, соопштија американските власти. Лидерот на мрежата Џанбаз Зардан, познат и како Џамал, бил убиен во седиштето на организацијата во пакистанската провинција Северен Вазиристан. Областа каде се наоѓало упориштето била цел на ракетен напад во четвртокот. Американските разузнавачки сили сметаат дека мрежата Хагани може да биде водечка закана во Авганистан, и тврдат дека таа е поддржана од пакистанските безбедносни сили.
Пакистан негира било каква поддршка за мрежата Хагани.
XS
SM
MD
LG