Достапни линкови

Египет- Воена истрага за судирите меѓу војската и Коптите


Протести на Коптите

Протести на Коптите

Воениот обвинител на Египет соопшти дека ќе ја преземе истрагата за крвавите судири меѓу војската и коптските демонстранти. Со одлуката практично се забранува цивилното обвинителство да ја продолжи истрагата, што наиде на остри критики од активистите за човекови права. Судирите во неделата навечер и понеделникот наутро започнаа со мирни протести на христијанското коптско малцинство поради неодамнешниот напад на црква во јужен Египет. Очевидци раскажуваат дека Коптите биле нападнати од толпа која фрлала камења кон нив, а подоцна се судриле и со воени единици кои ја чувале зградата на телевизијата во Каиро. Голем дел од жртвите биле прегазени од армиски возила што поминале низ толпата. Останатите имале прострелни рани. Најмалку 21 од 26-те жртви биле Копти.
XS
SM
MD
LG