Достапни линкови

Хаг го отфрли барањето на Младиќ за измена на обвинителниот акт


Меѓународниот трибунал за воени злосторства денеска го отфрли барањето на одбраната на Ратко Младиќ да бидат внесени измени во обвинителниот акт против поранешниот воен лидер на босанските Срби.
Адвокатот на Младиќ, Бранко Лукиќ минатиот месец поднесе приговор против обвинителниот акт, со барање да бидат исклучени најтешките обвиненија како геноцид во Сребреница, затоа што во документот не се посочени имињата на жртвите.
Младиќ беше предаден на Трибуналот од српските власти на 31 мај.
XS
SM
MD
LG