Достапни линкови

logo-print

Отфрлен и вториот случај против Доминик Строс Кан


Француското обвинителство соопшти дека ја прекинале истрагата за обвинението против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан со кое се тврди се обидел да ја силува француската писателка Тристан Банин. Во соопштението е наведено дека не може да се процесуира случајот затоа што е многу стар, делото се случило во 2003-тата година. Во продолжение се вели дека Строс Кан признал дека имало сексуална агресија, додека тој тврди дека обвинението е измислено. Тој си поднесе оставка од фунцијата на почетокот од годинава поради друго обвинение за обид на силување на собарка во хотел во Њујорк.
XS
SM
MD
LG