Достапни линкови

Топи ги повика политичарите да ја решат кризата во Албанија


Албанскиот претседател Бамир Топи изјави дека европските интеграции се приоритет за неговата држава иако Тирана по вторпат не успеа да добие поддршка за статусот кандидат за влез во ЕУ.
ЕК во најновиот годишен извештај не предложи Албанија да добие статус кандидат поради длабоката политичка криза во државата и блокадата на работата на парламентот.
Опозицијата го обвинува премиерот Сали Бериша дека минатите избори биле фалсификат, додека владечката партија тоа го негира .
Топи ги повика „политичките елити“ конечно да отворат нормален политички и институционален дијалог бидејќи тоа е главната причина за неусвојување на реформски закони.
XS
SM
MD
LG