Достапни линкови

ЕУ загрижени за новиот случај против Тимошенко


Потпаролот на Европската Унија Мајкл Ман денеска изјави за Радио Слободна Европа дека отварањето на нов случај против поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е „крајно загрижувачко“ и дека украинските власти спроведуваат „селективна правда“.
Претходно украинските безбедносни служби соопштија дека Тимошенко е осомничена за проневера на 405 милиони долари пред 20 години додека била претседател на украинската агенција за енергетски системи. Во вторникот Судот во Киев ја осуди Тимошенко на 7 години казна затвор поради злоупотревба на службена должност во 2009-тата година.
XS
SM
MD
LG