Достапни линкови

logo-print

Попоски во посета на Црна Гора


Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.Во соопштението на министертвото е наведено дека Попоски ќе се сретне со црногорскиот колега Милан Роќен, а потоа и со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и со премиерот Игор Лукшиќ. Се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи и соработка меѓу двете држави и соработката во рамки на евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG