Достапни линкови

Ахмети - Спорот со името мора да биде решен, но тоа не смее да биде изговор


Станува збор за реален извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, останува и понатаму да се работи за подобрување на стандардите во земјата, е заедничката оценка од денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Александра Кас Грање, директор на Директоратот на Европската комисија за проширување.
Ахмети и Кас Грање разговарале и за пописот на населенито и за меѓуетничките односи.
Ставот на ДУИ во однос на извештајот, потенцира Ахмети е оти е реален и добредојден за партијата и со посебна, како што рече, порака од Брисел да се реши прашањето за името.
- Оваа порака е посебно поцртана од страна на ДУИ бидејќи решението на прашањето за името продуцира домашна и регионална стабилност, но и прогрес во реформите како што е правосудството и другите сектори, изјави Ахмети по средбата.
Според него, за Македонија останува да продолжи со напорите за решавање на прашањата за името, но тоа не значи дека, подвлече, треба да не релаксира во однос на процесот на реформите.
На барање на новинарите да ја коментира вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски во врска со извештајот на ЕК, Ахмети нагласи оти ДУИ не прави површински, туку содржински анализи на пораките кои доаѓаат од Брисел.
XS
SM
MD
LG