Достапни линкови

Кој сакаше да го фалсификува пописот?


Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Собранието на Република Македонија ја почна 12-та седница со единствена точка на дневниот ред Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.
Со законот, поднесен од Владата на Република Македонија, се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот е прекинат.
Министерот за правда Блерим Беџети образложувајќќи ја одлуката на Владата, рече дека причините за донесување на овој закон, се недоследности и недоречености во примената од одредби од Законот за попис како резултат на недоволен временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи.
Пратениците од ДПА ја напуштија седницата и нема да учествуваат во работата на Парламентот по оваа точка поради тоа што не се отвори поширок политички дијалог за процесот на пописот, неодржувањето на средба на лидерите на најголемите политички партии во Македонија и поради фактот дека парламентарното мнозинство не одржало претходни консултации за законот што е на дневен ред.
СДСМ, пак, како што пренесе пратеничката Весна Бендевска побара на седницата да присуствува и премиерот Никола Груевски, кој според неа треба да одговори што точно се случило со пописот и кои се точните причини за комплетниот крах.
- Граѓаните сакаат точно и прецизно да знаат кој е тој што се дрзнал да го фалсификува пописот, дали е тоа некој од ВМРО-ДПМНЕ, можеби ДУИ или меѓународниот фактор и кој ќе понесе кривилна и политичка одговорност, рече Бендевска.
XS
SM
MD
LG