Достапни линкови

Отворен нов случај против Тимошенко


Украинските безбедносни служби отворија нов случај против поранешната премиерка Јулија Тимошенко поврзан со нејзината работа во 1990-тите години. Таа сега е осмничена за проневера на 405 милиони долари од фондот на Обединетиот енергетски украински систем додека била претседател на агенцијата пред 20 години. Ова го соопшти шефот на секторот за истраги во безбедносните служби Иван Деревјанко. Тимошенко претходно доби седумгодишна казна затвор поради злоупотреба на службена должност. Меѓународната заедница упати остра критика на претходната пресуда.
XS
SM
MD
LG