Достапни линкови

logo-print

Турција и Ирак во разговори за борба со курдските бунтовници


Ахмет Давутоглу со својот ирачки колега Хошијар Зебари

Ахмет Давутоглу со својот ирачки колега Хошијар Зебари

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Турција нема да спроведува задгранични операции доколку Ирак обезбеди воена контрола во северниот дел од земјата. Давутоглу по средбата со својот ирачки колега Хошијар Зебари истакна дека тероризмот не им се закaнува само на Ирак и на Турција, туку на целиот регион и дека турските активности не се никаква закана за Ирак .
Турската армија повремено спроведува прекугранични операции во Северен Ирак, каде што се наоѓаат засолништата на бунтовниците од Курдската работничка партија.
Багдад ја повика Анкара да се воздржи од ваквите операции, уверувајќи дека ирачките сили за безбедност ќе ја контролираат состојбата.
XS
SM
MD
LG