Достапни линкови

Хилари Свонк жали за роденденската забава на Кадиров


Холивудските ѕвезди Жан Клод Ван Дам и Хилари Свонк беа меѓу присутните на прославата на роденденот на Кадиров.

Холивудските ѕвезди Жан Клод Ван Дам и Хилари Свонк беа меѓу присутните на прославата на роденденот на Кадиров.

Американската глумица Хилари Свонк изрази големо жалење за нејзиното присуство на концертот оддржан за роденденот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е обвинет за злоупотреба на човекови права. Таа во писмена порака до новинската агенцијата Асошиетед Прес изјави дека не е информирана за обвинувањата за мачење на луѓе, киднапирање и убиства во земјата кои биле порачувани од Кадиров и дека доколку знаела никогаш немало да се качи на сцената. Вчера Хјуман Рајтс Воч ги повика славните личности Жан Клод Ван Дам и Хилари Свонк, како и британската виолинистка Ванеса Меи,кои присуствуваа на гала прославата во Грозни да ги вратат парите и подароците што ги добиле од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Организацијата оцени дека Кадиров е поврзан со кршење на човековите права, а ѕвездите кои добиле пари за присуство на прославата во Грозни, всушност помагаат да се минимизираат страдањата на жртвите.
XS
SM
MD
LG