Достапни линкови

Амнести Интернешнл бара ослободување на Тимошенко


Меѓународната организација „Амнести Интернешнл “ денеска повторно побара да биде ослободена поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко. Судот во Киев ја осуди Тимошенко на 7 години казна затвор поради обвинение за злоупотреба на службена должност. Претставникот на организацијата во Киев Хетер Мекгрил изјави дека Тимошенко треба да биде ослободена затоа што судењето беше спроведено од политички причини. Пресудата беше остро критикувана од САД, ЕУ и Русија. Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека последниот бран меѓународна критика е „прилично предвидливо“ и доаѓа од тие што не сакаат да ја видат Украина во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG