Достапни линкови

КФОР и ЕУЛЕКС ќе ја прошират мисијата во Северно Косово


Мировната мисија на НАТО соопшти дека заедно со полицијата од Европската Унија денеска започнаа да ја прошируваат заеничката операција за контрола на премините во Северно Косово. КФОР соопшти дека заедничката операција со ЕУЛЕКС има за цел да воспостави контрола на преминот Јариње и да превенира нелегална трговија. Во јули на преминот Јариње при судир на локалните Срби со безбедносните сили загина еден полицаец а четворица беа ранети. Причината за судирите беше обидот на косовските граничари да ја преземат контролата на границата и да ја спроведат забраната за трговија со српската стока.
XS
SM
MD
LG