Достапни линкови

Сите се виновни, само ние не


По извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, премиерот Груевски со остри пораки до еврокомесарот Штефан Филе дека забелешките се пренагласени.

По извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, премиерот Груевски со остри пораки до еврокомесарот Штефан Филе дека забелешките се пренагласени.

Негирањето на сопствените неуспеси и барање виновници за нив е типичен за една националистичка политика - експертите за острите пораки на Груевски до Филе.

Од очајнички настап на политичар кој губи, до типичен израз на една националистичка политика е вчерашниот настап на Груевски во коментарите на дел од македонските експерти изненадени од острите тонови на премиерот упатени кон еврокомесарот за проширување, Штефан Филе. Пораката на премиерот содржеше и недостиг на политичка волја и неодговорност и недостиг од самокритичност, вели професорот Мерсел Биљали.
Наместо самокритично да се осврнеме кон тоа која е нашата вина и кои се нашите можности да се исправиме и поправиме, не може да ги напаѓаме странските претставници.

„Несвојствено е да се комуницира со релевантни меѓународни организации кои многу прецизно ги анализираат работите и наместо самокритично да се осврнеме кон тоа која е нашата вина и кои се нашите можности да се исправиме и поправиме, не може да ги напаѓаме странските претставници и тоа зборува повеќе за нас отколку за нив и со тоа се дискредитира како личност не само политичарот што упатува такви пораки туку и државата во целина.“
Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски

Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски


Позицијата на негирање на сопствените неуспеси и барање виновници за нив е став кој е типичен за една националистичка политика и испробан механизам на национализмот, вели професор Здравко Савески.

„Ако вие имате реални проблеми во одредена земја и сакате граѓаните да не ги гледаат тие проблеми, тогаш играте на картата на национализмот, испробан механизам - сите други се виновни, само ние самите не.“
Ако вие имате реални проблеми во одредена земја и сакате граѓаните да не ги гледаат тие проблеми, тогаш играте на картата на национализмот, испробан механизам - сите други се виновни, само ние самите не.

Ваквите ставови имаат домашна употреба, едногласни се експертите и имаат цел зголемување на сопствениот рејтинг што, пак, во крајна линија ја загрозува иднината на државата бидејќи широката домашна поддршка и подгревањето на теориите на заговор истовремено го зголемува евроскептицизмот, но ги доведува и граѓаните во заблуда дека единствената причина за нашата стагнација во евроинтегративните процеси е спорот за името.

„Самиот извештај оваа година и претходните години покажува дека тоа е далеку од точно и дека ние дури и да го немаме воопшто тој проблем со Грција, ние ќе имаме сериозни проблеми при преговорите затоа што назадуваме во доста подрачја“, додава Савески.

Подгревањето, пак, на евроскептицистичките ставови значи и поддршка на недемократските практики во земјата, велат експертите што може да има силно негативно влијание врз иднината на земјата. Обраќајќи му се директно на еврокомесарот Филе, по добивањето на извештајот премиерот му порача дека нема да помогне во обезбедување притисок во спорот за името како и тоа дека забелешките во однос на судството, јавната администрација, слободата на изразување и корупцијата се пренагласени.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG