Достапни линкови

Словаците до петок ќе го усвојат спасувачкиот пакет на Еврозоната


Slovakia -- Prime Minister Iveta Radicova (L) and political leaders Jan Figel, Mikulas Dzurinda and Bela Bugar and give press briefing in Bratislava, 11Oct2011

Slovakia -- Prime Minister Iveta Radicova (L) and political leaders Jan Figel, Mikulas Dzurinda and Bela Bugar and give press briefing in Bratislava, 11Oct2011

Законот за проширување на спасувачкиот финансиски пакет на Еврозоната е повторно пред пратениците на словачкиот парламент и се очекува да биде усвоен до петок.
Словачките политички лидери се договараат за да помине законот кој беше одбиен во вторникот што доведе до пад на владата во Братислава. Се смета дека сега законот ќе мине откако е постигнат договор со опозициионата партија СМЕР на Роберт Фицо за одржување предвремени парламентарни избори во Март следната година.
Словачка е последната земја од 17 членки на Еврозоната која треба да го усвои законот за зголемување на спасувачкиот пакет кој сега изнесува 44 милијарди евра. На овој пакет се гледа како на клуч за излез од финансиската криза, која има негетивни ефекти и врз глобалната економија.
XS
SM
MD
LG