Достапни линкови

Пакистан - тројца милитанти убиени од беспилотно летало


Најмалку тројца милитанти биле убиени во ракетен напад извршен од американско беспилотно летало во пакистанскиот регион Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан. Според пакистанските власти, биле истрелани две ракети кај селото Данде Дарпа Кхел. Асошиетед прес повикувајки се на пакистански разузнавачки извори јавува дека се верува оти убиен важен член на милитантната мрежа Хагани мрежа нарекуван Џалил.
Областа се смета за упориште на Ал Каеда која е поврзана со мрежата Хагани, која пак е обвинета дека ги користи пакистанските светилишта за напади врз американските цели во Авганистан.
САД неодамна ги повика Пакистан да преземе акција против Хагани. Пакистан негираше каква било официјална поддршка за активностите на групата.
XS
SM
MD
LG