Достапни линкови

Владата донесе предлог закон за престанување на важење на Законот за попис


Владата на синоќешната седница расправаше и го утврди текстот на Предлог законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија 2011 година. Предлог законот, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе биде доставен до Собранието за да се стави на расправа по скратена постапка. Според најавите, се очекува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ја закаже седницата за носење на законот денеска во 13 часот.
XS
SM
MD
LG