Достапни линкови

logo-print

Груевски распали по Филе


Архивска фотографија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 5 септември 2011 година.

Архивска фотографија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 5 септември 2011 година.

ЕК со критики за слободата на изразување, независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Груевски смета дека пренагласувањето на слабостите е дел од притисокот да се попушти за името.

Слободата на изразување во Македонија предизикува сериозна загриженост кај ЕУ, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, коментирајќи го извештајот за напредокот на Македонија. Филе оцени дека изминатава година бил постигнат „мал напредок“, но дека ЕК ја задржува препораката за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата. Сепак, тој нагласи дека ако не се продолжи со реформите, не може да се земе здраво за готово дека догодина Македонија повторно ќе добие препорака за преговори, дури и ако го реши спорот за името со Грција.
Имаше мал напредок минатава година. Главните предизвици остануваат во полето на независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразувањето предизвикува сериозна загриженост. Клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Не смее да се изгуби уште една година.

„За поранешна југословенска република Македонија остануваме на препораката за почеток на преговорите за членство. Како и да е, имаше мал напредок минатава година. Главните предизвици остануваат во полето на независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразувањето предизвикува сериозна загриженост. Клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Не смее да се изгуби уште една година“, изјави Филе.

Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање, на прес-конференција во Скопје изјави дека е нотиран напредок во спроведувањето на законот за јазиците, за децентрализација и правична застапеност, ја нагласи важноста на Рамковниот договор и даде позитивна оценка за спроведувањето на изборите. Кас Грање рече дека ЕУ „е помалку задоволна“ од слободата на изразување во Македонија.
Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски.

Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски.


„Затворањето на медиуми, и ТВ и печатени, кои беа критички настроени кон владата, доведе до протести во земјата. Ние испративме јасна порака дека мора да се избегне перцепцијата дека правдата се спроведува селективно. Правдата не смее да се спроведува селективно, а дури и перцепцијата дека тоа се случува е лоша“, изјави Кас Грање.

Потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа, Јелко Кацин, ја поздрави новата стратегија за проширување на ЕК.
Медиумските слободи и владеењето на правото стануваат сериозно загрозени и потенцијално можат дури и да го доведат во прашање кандидатскиот статус.

„Оваа промена во пристапот на Комисијата дополнително го илустрира заостанувањето на Македонија и БиХ во европските интеграции. Иако замја-кандидат, Македонија веќе шест години чека на почеток на преговорите за членство. Поради оваа блокада, медиумските слободи и владеењето на правото стануваат сериозно загрозени и потенцијално можат дури и да го доведат во прашање кандидатскиот статус“, се наведува во соопштението од Кацин.

Премиерот Никола Груевски рече дека е задоволен што ЕК дава „позитивна оценка“ за направеното на полето на евроинтеграциите. Доказ за тоа е потврдата на препораката за преговори, рече Груевски. Тој рече дека владата уште од денеска ќе се посвети на исполнување на препораките од извештајот. Груевски и со порака до еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Да му порачам дека нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името, стратегијата на пренагласување на определени забелешки во однос на судството и на јавната администрација, во склоп со наводниот проблем со слобода на изразување и тоа во услови кога три години спроведуваме суштински реформи во овие сфери кои не биле започнати 17 години и со пренагласување на забелешките за борбата со корупцијата.“
Нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името, стратегијата на пренагласување на определени забелешки во однос на судството и на јавната администрација, во склоп со наводниот проблем со слобода на изразување.

Опозицискиот СДСМ реагираше дека единствената добра вест е дека во извештајот останува препораката за преговори. Пратеничката Радмила Шеќеринска изрази загриженост што продавката „македонски“ повторно е изоставена од извештајот на ЕК.

„Придавката „македонски“ сосема исчезна од европските извештаи - истите оние кои во 2005 и 2006 година ја имаа на секоја втора страница. Патриотизам се мери по резултатите на политичарите, а не по нивните зборови. Изгледа Груевски и Ахмети направија дил за пописот, но не и за зачувување на македонскиот јазик и посебност во европските институции“, рече Шеќеринска.

Црна Гора доби препорака за преговори, Србија ќе добие статус кандидат во декември ако продолжи дијалогот Белград-Приштина, а Хрватска ќе стане 28-ма земја членка на Унијата на 1 јули 2013.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG