Достапни линкови

Кацин:Загрозен кандидатскиот статус на Македонија


Потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа, Јелко Кацин, ја поздрави новата стратегија за проширување на ЕК со која поучени од искуството на Хрватска се инсистира во рана фаза на преговори да се отворат поглавјата за судството и основните права затоа што тоа ќе ја подобри динамиката на реформите кои владите што ќе преговараат со унијата че мора да ги спроведат.
Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека со оваа промена во пристапот на Комисијата дополнително го илустрира заостанувањето на Македонија и БиХ во европските интеграции. Иако земја-кандидат, Македонија веќе шест години чека на почеток на преговорите за членство. Поради оваа блокада, медиумските слободи и владеењето на правото стануваат сериозно загрозени и потенцијално можат дури и да го доведат во прашање кандидатскиот статус , пишува во соопштението од Кацин.
XS
SM
MD
LG